




Немам зборови со кои би го опишал Њу Јорк. Се што ќе кажам, па дури и фотките кои ќе ги ставам на блогот нема да ја доловат вистинската атмосвера во чудото од Град.
21 милион луѓе од сите раси, нации, во сите можни бои.
На секој чекор слушаш различен јазик, за кој не можеш ни да определиш од кој дел на светот е. Толку луѓе на едно место во исто време не сум видел. Ти треба вистинска умешност за да се разминеш на улица. Но сепак и во сиот тој хаос се е оргнизирано, јавниот превоз е решен до максимум, метрото работи 24 часа, кафеаните и кафиќите исто, како да не важат американските закони таму. Сепак често случува да не можеш да платиш со картичка или да те одерат со провизии во локалните продавнички. Носете си кеш ако одите да го виите Големото Јаболко. Канлиизацијата е решена до максимум, замислете 20 милиони луѓе во исто време да пуштат вода во тоалет во исто време во Македонија, што би се случило. Да не ги споменувам облакодерите, статуата на слободата и сите атракции кои ги нуди овој град.
P.S. Наспијте се добро пред Њу Јорк, затоа што таму нема спиење, што би рекол еден колега, имаш чуство дека многу ќе пропуштиш ако времето го трошиш на спиење.
Просек е 4 часа да си знаете.