среда, април 04, 2007

Јас и Morgan Freeman


Типчево ви е познато, глумеше во еден куп филмови.
Е па и мене ми беше познат. Така шетајќи низ Њу Јорк, го гледам типот застанат пред една врата и неколку јапанци се сликаат со него.
Го викав цимерот да застане да се сликаме, но тој си продолжи.
Па јас како млад мајмун се стрчав и мртов ладен му се претставив кој сум и го прашав дали може да се сликам со него.
И чекам да ми одговори, дури и рака му пружив да се поздравам. И така чекам, гледам типов не се мрда, ниту да трепне. И укопчав дека некој во ситуацијава е мајмун.
Фриман сигурно не е.
Испадна дека сум си направил фин муабет со кукла, подигам глава музеј на Мадам Тисот.
Се вратив два чекора погледнав дали некој видел што сум направил, ја сликнав куклата и здув да ме нема.
Тоа ти е пуста желба да сретнес позната фаца, еве ја фотката, типот е облечен како за по млеко, и мислев јапонциве го начекале.