недела, јануари 07, 2007

Universal Pictures Studios

Доколку досега велев дека се што ми се случуваше во Калифорнија е како на филм, она што се случуваше во Universal Studios беше дел од филм.
Мислам, збеснав, од луди железници, до сцени од филмови во живо, специјални ефекти, водопади, филмови во 4 димензии.
Не знам што повеќе да кажам ова се доживува, не се раскажува.
Гледавме извадок од Терминатор и од Шрек, ефектите беа луди, на сред филм човек кој личи на Шварценегер претрчува пред тебе.
На Шрек кога магренцето кива нешто те прска во лице, а постојано, нешто што е вградено во столиците те удира по нозете или ти дува во врат, додека седиштата се мрдаат согласно сцената од филмот. ЛУДО
СЛИКИ