Како и сите познати ѕвезди и ние нормално се сместивме во Hollywood, добро ние малку поскромно, наместо во неколку милионска куќе се паркиравме во еден Хостел во WEST Hollywood, за по 20 долари кревет.
Па уште на сета мака во собата за шест - мина со кревети на спрат имавме и еден кореанец.
Тоа ти е не е лесен животот на славните, мораат претходно да минат низ сито и решето.
Еве малку фотки...
Не знам што луѓево толку се палат на знаков, па не е ништо спектакуларно, метални букви, офарбани бело, качени на едно брдо и то.
Па што нашиот крст на Водно е Кинески ѕид за ова, па пак никој не доага да се слика со него.
Ке биде еден ден, знам јас....