четврток, јануари 25, 2007

SNOW IN EL PASO


И така, неочекувано, без никаква најава, SUN CITY, се претвори во SNOW CITY.
Греота сите оние пустински растенија, изгледаа толку бедно со снегот на нив. Мислам, снегот се задржа на земја не полн еден час, но затоа сите беа толку испаничени, некои од училиштата и болниците беа затворени, јавниот транспорт доцнеше. Што да кажам лугево беа толку збунети, не знаат што е СНЕГ.
Најинтересни беа студентите од Африка и од некои јужни делови на Мексико, кои за прв пат видоа снег, па кутрите не можеа да му се изнарадуваат.



Толку по еден час се по старо.

вторник, јануари 16, 2007

OLD MESIA Las Cruses

Јас, деканката на одделот за комуникации Patricia Witherspoon, и цимерот.



Ова старо гратче во близина Las Cruses, New Mexico е местото каде во минатото бил затворен Били Кид, и од каде успеал да побегне.

понеделник, јануари 15, 2007

Paint ball




Пред да пробам како изгледа играњето Kanter strike во живо мислев дека ќе биде многу интересно. Но морам да признаам болеше и тоа многу.
Каде што ке те погодат може да ти излезе и модрица.

USTE MALKU SAN FRANCISCO

Ова е Пиер 39, место каде во минатото се паркирале бротчиња, од пред некоја година фамилија морси лавови, му се намерачила на пристаништето, и таму живее. Па Пиер 39 повеќе не е во употреба.

Bay Bridge е помладиот брат на Golden Gate, но тоа не значи дека е помалку убав и голем.
Овој мост го поврзува Сан Франциско и Оукленд. Толку многу е прометен, што мостот е на два спрата едниот води кон Оукленд а другиот назад.



Ова се популарните транваи во Сан Франциско. Се возевме и ние, но проблем е тоа што за не целу 5 минути возење мораш да плати 5 долари.
Добро ние плативме еднаш, а потоа се шверцавме.
:))))))

ALCATRAZ



Ова старче кое потпишува книиги е еден од затворениците во Алкатраз. Поминал 4 години во затворот заради пљачка на банки. А сега е славен и продава книги за животот во Алкатраз.


Ако заборавиме како изгледаат ќелиите животот н овој остров во Калифорнија би можеле да го карактеризираме како продолжен одмор.

ALCATRAZ, SAN FRANCISCO




Не би сакал јас да бидам зад овие решетки висиински

Ова се куклите, кои тројцата затвореници ги оставиле на денот од бегството од Алкатраз.
Не е потврдено дали успеале да препливаат до копното. Барем така велат локалните власти. Според мене дечките не само што препливале туку и продолжиле со одмор во Калифорнија.

недела, јануари 14, 2007

четврток, јануари 11, 2007

Golden Gate,San Francisco CA





Нова Година во San Francisco




Не беше нешто спектакуларно, но интересно во секој случај, само кафичите да не затвараа во 2 по полноќ за Нова Година, мислам подобро ке беше.

вторник, јануари 09, 2007

San Francisco



San Francisco, CA

И да немаше толку бездомници,луѓе кои просат по улици и педери на секој чекор, Сан Франциско ќе беше number one на листата градови во Калифорнија.
Како и да е овој град има душа, има историја и свој специфичен шарм.
Со сите оние улици на кои се снимени безброј акциони филмови, каде што колите скокаат минувајќи раскрсница, нормално со Golden Gate, Alcatraz, а и не помалку познатиот на два спрата мост Bay bridge, кој го поврзува Сан Франциско со Оакленд.
А да не ги заборавам и трамваите кои од цел свет о крајниот рок за нивна употреба ги носат во Сан Франиско, каде им продолжува животот по стрмните калдрми.
Това би било 7 дена во Л.А. и нов град во Калифорнија.
8 саати со кола и таму си.

L.A.




L.A. Како и сите градови има свои предности, но и свои негативности.
Да речеме со илегалците повеќе од 18 милиони жителски град е полн со бездомници, а и во Л.А секогаш е rush hour па некогаш за да стигнеш од една до друга страна на градот ти требаат и неколку часа. Мислам имаат автопати и со по 10 ленти, но и тоа не помага.

Universal Studios L.A.



понеделник, јануари 08, 2007