вторник, март 27, 2007

УШТЕ ВО ВАШИНГТОН






Последен ден во престолнината на САД, го дзирнавме Сателицкото радио ХМ и беше лудо.
После добив сертификат со кој се потврдува дека сум бил дел од оваа програма. и после пладне на кинески автобус и за 20 долари во ЊУ ЈОРК

четврток, март 22, 2007

Мала журка во D.C.




Втор ден во Вашингтон






Малку и FOX TV, malku C-SPAN, Washington Times нормално журка.
Овие типчињава се главни уредници на Вашингтон Тајмс

среда, март 21, 2007

Колегите на истиот програм






Не има од Македонија, Хрватска, Србија, Бугарија и Романија.
Сите се луди и одлепени, НОВИНАРИ што да кажам.

WASHIGTON





И конечно Вашингтон втор пат






Овој пат за разлика од минатиот на малку подолго време во Дистрииктот на САД.
Градот фин, многу интересна архитектура, добри барови, малку студено и тоа.
Прво ко за почеток, беввме до Белата куча, Капитол Хил, споменици на два тројца починати американски претседатели,Voice of America, State Department и тоа ко ден ипол.
Душа ни извадија растрчани сме од сабајле до вечер не знаеме кај ни се главите.
Но тоа е стандард кога сакаш да прошеташ и се да видиш.
ОК троа фотки...

На пат кон престолнината на САД




Конечно дојде и тој дена, да го почнам патувањето низ исток.
Малку Вашингтон, па повеќе Њу Јорк, и уште малку Бостон.
Преку Далас во престолнината на Соединетите држави.
До сега не ми текнало да направам фотки од авион, па сега пробав и еве ги ставам на блог.

понеделник, март 05, 2007

ТОАЛЕТИТЕ ВО СИТЕЛ СЕ РЕНОВИРААТ


Можеби ваквата информација не ви значи ништо но за вработените е од суштинско значење.
Веројатно повеќе не ке мора да се носи гас маска, за во WC, а и по излегувањето не ќе мораш да поминеш преку специјални машини за деконтаминација.
Се надевам дека нема да го зарочам она што е почнато овие денови.
Не можев да поверувам, па мораа да ми пратат слики како доказ.
P.S. Да се надеваме дека нема да се наплаќа. :)



Доказ за оние кои не веруваат

Колку Американците го подржуваат БУШ?





Седејќи пред телевизор дома, и гледајќи вести, човек почнува да ги мрази американците кои навидум се обидуваат да владејат со светот. Не дека не е така, но таквиот заклучок доаѓа од политиката на само еден човек.
Кој морам да признаам не е омилен ниту овде. Веројатно споменав дека на првото пристигнување во ,, Ветената Земја,, се изшокирав. На аеродромот во Вашингтон се продаваа маици со пораки против актуелниот претседател, што ми беше не вообичаено. Но тоа не беше случај само со главниот град на САД, маици со слични содржини имаше низ цела Америка.
Еве што сакам да кажам.
NO COMMENT...

crop circles & aliens in El Paso





Само што ќе си помислиш дека ништо посебно не може да се случи овде во пограничната земја, ете ти насловна во весниците вонземјани во Ел Пасо.
На што се темели ваквата информација? на некакви кругови кои се појавиле на средината на реката Рио Гранде, која е се само нe Гранде.
ФОТКИ.
Сите медиуми се стрчаа да проверат каде слетале вонземјаните, кога еден локален уметник, кој прави фигури на песок се јави лут, што некој неговото дело го споредува порака од НЛО.
Така приказната заврши не славно.
А од сликите можете да видите колкава е реката Рио Гранде. Мексиканците можат да ја минат границата и без да си ги натопат нозете :)))))