




Секаде не има и цркви имаме по целиот свет, а пак не ни ја признаваат МПЦ.
Тоа е мора негде да сме ја утнале работата.
И овде во Детроит нашите си изградиле свет објект и тоа не било каков, туку огромен со прекрасни фрески.
Само малку потсеќа на католичка, затоа што за разлика од кај нас овде има клупи на кои верниците можат да си седнат за време на неделната литургија.
А и поповите ми беа малку чудни, носеа кошули исти како оние на католичките свештеници.Црни со бела лента на вратот
Ги прашав зошто, велат за да можеле да ги рспознаваат и да знаеле дека се попови.
ВЕЛАМ ОК.
Малку се пожалија, слабо заработувале, а животот бил скап во Америка.
Да видам да не верувам, слабо заработувале, пази молим те.
Е доста еве фотки